Инстаграм vs. реалност: И ѕвездите си играат со Фотошоп за да изгледаат послабо
- Детали
- среда, 18 март 2015
Од сите социјални мрежи, Инстаграм профилите се чинат најреални и најинтимни кои најмногу нè приближуваат до познатите.
Со тоа што најчесто оваа апликација функционира преку личните мобилни телефони, некако најмногу им веруваме дека фотографиите ги објавуваат самите тие, Бијонсе, Ким Кардашијан, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо итн.
Но, понекогаш и тие фотографии може да не бидат целосно реални и автентични, особено ако се заиграат со Фотошоп за да се покажат во уште подобро светло.
Често и самите познати личности знаат да си ги намалат облините, да си ги истакнат атрибутите и да се претстават во идеално, а сепак „спонтано“ издание.
Но, веројатно, не внимаваат баш на сите фотографии, па може да се забележи разликата и да се направи споредба на фотографиите на Инстаграм и оние од реалноста:
Бијонсе
Ким Кардашијан
Бритни Спирс
Миранда Кер
Џон Маер