„Злобницата“ Габриела Спаниќ не старее: И по 20 години изгледа исто (фото)
- Детали
- вторник, 17 март 2015
Пред дваесетина година беше една од омилените глумици кај нас, додека се емитуваше серијата „La usurpadora“ („Злобница“), во која играше двојна улога како Паола и Паулина.
Подоцна ја гледавме и како Марија дел Сиело во љубовната шпанска серија „Por тu amor“ („За твоја љубов“) и „Tierra de pasiones“ („Земја на страсти“)
Според корените од страна на нејзиниот татко има хрватско потекло, но тој во 1947 година заедно со родителите се доселил во Венецуела, каде и се оженил.
Габриела исто како и во филмот „Злобница“ и во приватниот живот има сестра близначка.
Во јавноста првпат се појавува како дел од избор за Мис на Венецуела, па почнала да студира психологија, но многу брзо го напуштила факултетот кога почнала да глуми.
Зад неа има бројни улоги во серии, а често се слушаат гласини дека и приватниот живот ѝ е како шпанска сапуница.
До 2007 година била омажена за актерот Мигел де Леон, но поради афера за време на снимањето на една серија, веќе е разведена. Тој пак, се свртел кон нејзината сестра близначка, баш како во шпанска серија.
На 34 години, Габриела Спаниќ роди и син, Габриел де Хесус од нејзиното тогашно момче, бизнисменот Неил Перез.
Денес Габриела има 42 години, постојано вежба и внимава на исхраната, поради што одлично изгледа и во петтата деценија од животот.