Српска манекенка: Роналдо ме заведе затоа што му личев на Ирина Шајк
- Детали
- вторник, 17 март 2015
Една од најуспешните српски манекенки Кристина Периќ неодоливо потсетува на нејзината славна колешка, која до неодамна беше во врска со Роналдо.
Сличноста со Ирина била доволна за Роналдо да ја забележи прекрасната Кристина.
- Кристина многу личи на Ирина и токму тоа и отвори многу врати во светот. Неодамна стана заштитно лице за еден од најскапите брендови за венчаници, на кој заштитно лице минатата година беше токму Шајк. Кристијано Роналдо беше во првиот ред на ревијата на истиот бренд, а кога на пистата излезе Кристина не го криеше воодушевувањето. Веднаш по ревијата се обиде да ја заведе и да ја однесе на вечера, раскажува пријателка на Кристина.
Таа пак, призна дека е воодушевена од фудбалерот во секој поглед.
- Точно е дека го запознав Роналдо. Ме запозна шминкерот Дејвид кој штом ме виде ми рече „Морам да те запознаам со Роналдо. Личиш на Ирина, сигурно ќе му се допаднеш“ и не згреши. Роналдо не е оптоварен со парите. Се однесува како обичен дечко. За жал, немавме можност многу време да поминеме заедно затоа што морав да отпатувам во Мајами, раскажува српската манекенка.
На прашањето дали има закажано следен состанок со Роналдо, Кристина призна дека како заштитно лице на брендот за венчаници од Барселона често ќе престојува во Шпанија, па кој знае...
Вака изгледа прекрасната Кристина Периќ: