Објавени нефотошопирани фотки од Џеј Ло: Сите сакаат вакво тело на 45 години
- Детали
- среда, 04 март 2015
После Бијонсе и Синди Крафорд, на ред се компјутерски необработените фотографии на Џеј Ло. Сега за сега како последна во низата на нефотошопирани ѕвезди, пејачката беше најголемо изненадување.
За разлика од телото на Синди Крафорд и нечистото лице на Бијонсе, Џеј Ло и во ваква состојба успеа да предизвика позитивни коментари.
На фотографиите без Фотошоп Џеј Ло изгледа малку уморно и позаоблено, но сепак изгледа како нормална, здрава жена.
Добриот тен и негуваната кожа очигледно се нејзините вистински квалитети.
„И јас сакам вакво тело на 45 години!“ и „Единствената разлика помеѓу фотошопираните и нефотошопирани фотографии е во тоа што тука изгледа како жена која има повеќе од 40 години, а се држи одлично, а не како жена во рани 30-ти“ се само мал дел од коментарите кои ја бранат оваа природна страна на Џеј Ло.
Како на вас ви се допаѓа целосно природна?