Шакира им дава православни имиња на децата затоа што има македонско потекло?
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2015
Откако привлече големо внимание со тоа што и на второто синче му даде име кое потекнува од нашите простори, започнаа шпекулации за потеклото на Шакира.
По раѓањето на првото синче Милан, колумбиската пејачка пред само неколку дена на свет го донесе второто дете кое го крсти Саша.
Заради православните имиња на дечињата, Шакира и нејзиното семејство станаа предмет за истражување од страна на медиумите.
Како што светските медиуми јавуваат, наводно таткото на колумбиската ѕвезда Вилијам е роден во Либан и по вероисповед е католик, а бројни сајтови наведуваат дека еден од неговите предци бил Македонец.
Според втората теорија, Вилијам израснал во градот Зале во Либан каде повеќето жители се Грци и православни верници од Сирија, па наводно од таму потекнуваат имињата на Милан и Саша.
Секако, ништо не е потврдено од страна на семејството на Шакира и ова се само можни теории на кои не се најверодостојни.