Џоли и Анистон 6 години успешно се избегнуваа, но синоќа се сретнаа на црвениот тепих (фото)
- Детали
- петок, 16 јануари 2015
Номинациите за Critics' Choice наградите се случија синоќа, а за прв пат по долги години на ист црвен тепих се најдоа вечните ривалки Анџелина Џоли и Џенифер Анистон.
Трачевите за нивното ривалство посебно се подгреаја откако Анистон беше изневерена и оставена заради Џоли. Токму од таа причина, успешно се избегнуваа 6 години, обидувајќи се да не присуствуваат на истите настани.
Сепак, на црвениот тепих на Critics' Choice Анџелина пристигна сама, облечена во свечена сребрена тоалета, а Џенифер прошета со Џастин Теру, облечена во провокативно сако на гола кожа.
Распоредот на седење во салата бил внимателно испланиран, па Џоли и Анистон биле сместени на два различни краеви за да немаат никаква шанса да воспостават контакт.
Последен пат кога двете актерки се сретнаа беа Оскарите во 2009-та година, кога Џенифер прогласуваше добитници, а Анџелина и Бред седеа во првите редови, само неколку метри пред неа.
Дел од синоќешното пристигнување на црвениот тепих: