Џорџ Клуни поради Амал доби награда за животно дело (видео)
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2015
На светските манифестации за доделување награди, шегите на нечија сметка се неизоставен дел за поголема забава.
Водителите и дел од презентерите, пред да си ја завршат работата се обидуваат да привлечат повеќе внимание и да остават поголем впечаток со коментирање на нешто актуелно со доза на иронија или комичност.
Оваа година, на доделувањето на „Златните глобуси“, шеговитите водителки Ејми Поелер и Тина Феј го одбраа најозборуваниот пар годинава, Џорџ Клуни и Амал Аламудин.
Се пошегуваа дека со оглед на тоа што Џорџ Клуни се ожени со Амал која е адвокатка за човекови права, претходно и советничка на Кофи Анан и избрана е за една од трите личности во комисијата на Обединетите нации за истражување на правилата за справување со воените насилства во Газа, нејзиниот сопруг заслужува награда за животно дело.
Без никакви замерки и со вистинско уживање и Џорџ и Амал ја прифатија шегата.
Ова е емотивниот говор на Џорџ Клуни како одговор:
Тој беше мета на нивните шеги и минатата година, кога ја коментираа неговата наклонетост кон помлади девојки, велејќи дека Џорџ поскоро би летнал до Вселената и би умрел, отколку да се забавува со жена на негова возраст.
Џорџ и Амал Клуни беа еден од најелегантните парови на црвениот тепих. Тој облечен во класичен црн смокинг со бела кошула, а таа во долга црна тоалета и бели ракавици до лактите, како вистинска дама.
Погледнете како изгледаа: