Најдобрите насловни страни на Вог за 2014-та (фото)
- Детали
- понеделник, 15 декември 2014
Светски познатиот магазин Вог има точно 23 изданија кои излегуваат во повеќе држави ширум светот, од кои најпознати се американската, британската, француската, јапонската и бразилската верзија.
Она што посебно привлекува се секогаш оригиналните насловни страни, па оваа година слободно може да се каже дека беше нивна и поинспиративна од сите претходни.
Можевме да уживаме во речиси голи модели, фудбалери, актери, но и ексклузивни фотографии од венчавката на Ким и Канје.
Почетокот на оваа година го одбележи феноменалната насловна на бразилското издание на кое се појави прекрасната Кендис Сванапул, а во април се појавија Ким и Канје кои го подигнаа тиражот до максимум.
Кристијано Роналдо и Ирина Шајк се најдоа на јунската насловна на Вог речиси голи, додека годината ја „затвори“ бразилскиот модел Жизел Бундшен.
Ова се сите насловни кои треба да ги запаметите од оваа 2014-та која полека си заминува: