Моника Белучи е најстарата Бон Девојка, но и најубава од сите претходни (фото)
- Детали
- петок, 05 декември 2014
Италијанската актерка Моника Белучи е сериозен кандидат за најпрекрасна партнерка која тајниот агент некогаш ја имал.
Во најновото Бонд продолжение „Spectre“ Моника ќе биде партнерка на фантастичниот Даниел Крејг, а судејќи по првите реакции е сериозна „закана“ за прекрасните Хали Бери, Урсула Андрес, Ева Грин...
5 работи кои треба да ги знаете за новата Бонд девојка
1. Во 50-та година Моника Белучи ќе биде најстарата Бонд девојка во историјата. Пред неа за најстара се смета Онор Блекмен која ја добила улогата во 39-та година.
2. Моника била во потесниот избор за Бонд девојка уште во 1997 година, кога улогата и припадна на Тери Хачер.
3. Прекрасната Италијанка во новото Бонд продолжение ќе ја глуми Лучија Скиара.
4. Моника од 13-годишна возраст се занимавала со мода, а во 90-те се свртела кон филмското платно.
5. Во 1999 година се омажи за актерот Венсен Касел со кој има 2 ќерки, но се разведоа минатата година.