Како им успева? За овие ѕвезди времето застанало

Дали е до гените или козметичките третмани или од двете по малку, за некои луѓе според изгледот се чини како времето да застанало. Имаат над 30-40 години, а сè уште изгледаат младо, негувано и затегнато како да немаат повеќе од 25 години.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-01

Најбројни меѓу таквите се славните личности:

1. Софија Вергара

Кој би рекол дека таа има 42 години? Кој би рекол дека има син од 22 години? Прекрасната Колумбијка е родена на 10 јули 1972 година. Кариерата ја започнала како манекенка. Популарноста ја стекнала прво во својата земја и во Јужна Америка појавувајќи се главно во реклами. Повеќе пати е прогласувана за најубава жена во светот.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-1.jpg


2. Наоми Кемпбел

Позната како „црната газела“, Наоми е родена на 22 мај 1970 година во Лондон. Кариерата ја започнала на 15 години, а кон крајот на осумдесеттите се најде меѓу трите најперепознатливи и најбарани модели во светот. Беше и меѓу шесте модели од својата генерација кои се прогласени за супермодели од страна на модниот свет. Таа речиси воопшто не е променета од времето кога ги носеше моделите на Џани Версаче, на почетокот на деведесеттите кога го полуде светот.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-2.jpg


3. Хали Бери

Родена е на 14 август 1966 година во Кливленд. Нејзината кариера ја обележаа филмовите „Die another day“, „Gothiка“, „Cat woman“ и „Monster’s Ball“. Поранешната Бонд девојка сè уште е единствена Афроамериканка која го освоила Оскарот за најдобра женска улога и денес важи за една од најзгодните жени во светот иако е веќе во петтата деценија од животот.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-3.jpg


4. Гвен Стефани

Сите кои се сеќаваат на големиот хит од деведесеттите, „Don’t speak“, сигурно се сеќаваат и на Гвен Стефани која речиси воопшто се нема променето од тогаш до денес. Популарната русокоса позната по црвениот кармин и модниот панк стил по кој е позната, родена е на 3 октомври 1969 година и денес е мајка на 3 деца.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-4.jpg


5. Џони Дeп

Роден е на 9 јуни 1963 година во Кентаки има многу филмови во кој глуми, но врвот на популарноста го достигна со „Pirates of the Caribbean“, а се чини како оттогаш воопшто да не остарел и да не се променил.

za-ovie-zvezdi-vremeto-zastanalo-6.jpg

Како им успева?

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg