Елена Ристеска ги расплака сите со „Зајди, зајди“ (видео)
- Детали
- понеделник, 01 декември 2014
Во емисија преполна со емотивни настапи и многу солзи, Елена блесна во вистинско светло, подобро од кога било претходно.
Иако сите беа делумно разочарани што нема да видат уште едно нејзино секси издание, таа покажа нешто многу подобро.
Со имитацијата на Есма Реџепова, пеејќи ја македонската втора химна „Зајди, зајди“, до израз дојдоа нејзините гласовни способности и најсилни емоции, кои како што доби коментари од жирито, може да ги пренесе само некој од Македонија.
Воодушевување и овации предизвика во целата сала, а успеа да ги расплаче Тања Савиќ и Неда Украден.
Елена повторно покажа како се работи професионално, со цело срце и душа и дека е достоен претставник на Македонија во секоја емисија.
Коментарите од жирито, публиката која стана да ја поздрави и поклонувањето од страна на останатите учесници се најголемата награда која секој би сакал да ја добие.
Погледнете како изгледаше нејзиниот најемотивен настап: