Анџелина Џоли ја завршува актерската кариера?!
- Детали
- четврток, 20 ноември 2014
Иако е познато дека моментално работи на новиот филм кој таа го режира, но и глуми заедно со нејзиниот сопруг Бред Пит, сепак најавува повлекување од актерството.
Не се знае кога точно би било тоа, но, сепак дава објаснување:
„Никогаш не се чувствував пријатно како актерка. Никогаш не сакав да бидам пред камерата. Но, не верував ниту дека можам да режирам, само се надевам дека ќе успеам да направам сега таква кариера, бидејќи тука сум многу посреќна“.
Оние кои сакаат да ја гледаат на малите екрани не можат тукутака да го прифатат нејзиното повлекување. Сепак таа е една од најдобрите актерки на ова време, една од најубавите жени во светот и никој не би сакал таа да се сокрие само зад камерата.
Моментално ја има шансата истовремено да биде и режисер и актерка и сопруга во еден филм, долгоочекуваниот „By the Sea“.
За овој филм изјавува дека е исклучително тешко да работи на три позиции, да управува со себе, но и со Бред. Тежок филм за двајцата, но засега си ја даваат потребната поддршка.
Наскоро треба повторно да го позајми гласот за натсинхронизација во „Kung Fu Panda“ и да сними продолжение на филмот „Salt“.
Иако го најавува повлекувањето, до конечната одлука, секоја следна улога ќе биде бесценета за нејзините фанови.