Најдобра имитација до сега: Елена со мустаќи и чорап како Харис Џиновиќ
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2014
Елена Ристеска конечно го доби долгоочекуваниот предизвик, да имитира маж. И тоа не кој било, туку Харис Џиновиќ. За неа тоа беше двоен предизвик, да биде маж и да пее народно.
Но, со оглед на нејзината професионалност и умешност која ја покажа досега, овојпат уште еднаш потврди како добро го прави тоа.
Шминкерите и костимографите завршиja одлична работа и ги заслужија сите пофалби за тоа што Елена беше тотално непрепознатлива и многу слична на оригиналот.
Со мустаќи под носот, шешир на главата и чорап во предниот дел на панталоните, успешно го долови Харис, пеејќи две негови песни, од кои едната заедно и со Бане Мојичевиќ кој го имитираше Здравко Чолиќ.
Жирито имаше само пофалби за нивниот настап.
Во следната емисија повторно ќе ја видиме Елена како девојка со одлични гласовни способности, имитирајќи ја атрактивната Џеси Џеј.
Вака изгледаше Елена како Харис: