Ана Ивановиќ има нов дечко
- Детали
- понеделник, 14 септември 2009
Откако долго време се зборуваше дека Ана Ивановиќ е несреќно заљубена, конечно работите за Ана во љубовта тргнаа на подобро. По серијата...
... на неуспешно одиграни натпревари, Ана реши да се стабилизира и во кариерата и во приватниот живот.
Врската помеѓу српската тенисерка Ана Ивановиќ и австралијскиот голфер Адам Скот станува се по сериозна, така што оваа двојка реши да замине на својот прв заеднички одмор.
Како што јавуваат светските медиуми, преубавата тенисерка заминува на краток одмор каде што побрзо би заборавила на лошите резултати од претходните неколку турнири и би се релаксирала со својата нова љубов.
"Имам чувство како да сум немала прав одмор веќе долго време. Сметам дека сега е најдобро да паузирам недела или две и потполно да се исклучам од тенисот.
По овој одмор, би сакала со нови сили и свежа да се вратам за следниот турнир во Токио на крајот на месецот", напишала Ана на својот интернет портал.