Без шминка: Второто лице на познатите
- Детали
- петок, 31 октомври 2014
Сите девојки изгледаат малку поинаку кога ќе ја отстранат шминката. Ѕвездите кои ги знаеме од телевизиските екрани и магазините каде се совршено средени, нашминкани, кога би ги виделе во секојдневно обично издание, без шминка, сигурно не би ги препознале.
Кејт Хадсон
Препознатлива е по блескавата насмевка, која доаѓа до полн израз кога ќе се појави на холивудската сцена. Но, дали би ја препознале дека е истата кога шета со својот син?
Кејт Мос
Таа е една од најпознатите модели која колку и да им се крие на папараците, сепак ја наоѓаат и ја фотографираат во секакво издание. Како дел од модниот свет, таа е постојано со некаква шминка, па кога би ја виделе низ дома или во блискиот супермаркет, не би се ни завртеле.
Мила Кунис
За време на бременоста, буквално уживаше и не размислуваше како изгледа со или без шминка, често можевме да ја видиме, па дури и да се навикнеме на нејзиниот природен изглед. Но, не треба да се заборават и нејзините гламурозни изданија со секое појавување на црвениот тепих.
Погледнете го другото лице уште на 4 холивудски дами без шминка на следната страница...