Амал Клуни во златен фустан ја прослави втората венчавка во Англија (фото)
- Детали
- недела, 26 октомври 2014
Само еден месец откако Џорџ и Амал го кажаа судбоносното „Да“ во романтичната Италија, свадбената церемонија продолжи во Англија.
Во саботата, на 25-ти октомври, скоро венчаниот пар присуствуваше на нова интимна вечера во Бакингемшир, гратче во југоисточна Англија.
Интимната церемонија се одржа во Danesfield House Hotel and Spa, каде како домаќини, родителите на Амал ги пречекуваа гостите.
На листата на гости претежно се нашле луѓето кои не можеле да отпатуваат во Италија, односно голем број пријатели на Амал со кои се знае од малечка. Џорџ изгледа бил скромен, бидејќи на листата нема ниту едно славно име.
36-годишната адвокатка не се појави во класична бела венчаница, туку остана доследна на холивудскиот ретро гламур.
Амал одбра златна тоалета и црна крзнена наметка, додека Џорџ повторно одбра совршено скроено одело.
Како се одвиваа подготовките за втората, поинтимна венчавка на Џорџ и Амал, погледнете во продолжение: