Ноле заплакал за синот Стефан, а хармоникашот на прославата добивал по 1.000 евра за секоја песна
- Детали
- петок, 24 октомври 2014
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не можел да ги сокрие солзите откако стана татко во вторникот на 21 октомври.
Новак цело време бил присутен во болницата во Ница. Породувањето траело околу 1 час и сè поминало брзо и лесно. Кога Ноле за првпат го видел својот син заплакал од среќа
Го земал во раце, го бакнувал и го прегрнувал, а првата фотографија од новиот член ѝ ја испратил на неговата мајка Дијана, која жалела што во тие моменти не е покрај нив.
Во првиот период покрај Јелена и бебето ќе бидат нејзините родители кои ќе ѝ помагаат за сè што е потребно.
Во однос на името, на почетокот размислувале за Марко, по братот на Ноле или Владимир по дедо му, но на крајот одлучиле да не биде според никој од ниедна страна, туку име кое ќе биде познато и лесно за изговор, па решиле да се вика Стефан.
Ова име е од грчко потекло, од зборот stephanos, кој значи венец, круна или некој кој е венчан, а го носеле многу светски кралеви.
Откако стигнала веста во семејството Ѓоковиќ, започнале со славење до раните утрински часови, утрото е поставен и најголемиот билборд во Белград во чест на првиот наследник.
На забавата која ја приредиле ги забавувал еден хармоникаш, кој за секоја исполнета музичка желба добивал по 1000 евра бакшиш од пресреќните баба и дедо, па собрал над 15.000 евра.
Големата гала прослава допрва следува и се очекува тоа да биде настан кој ќе се памети.