Мила Јовович се разголе
- Детали
- вторник, 08 септември 2009
Секси глумицата нема проблем со голотијата, а дека изгледа сјајно и по бременоста докажа со неодамнешните фотографии во списанието Максим.
Но, за магазинот Purple отишла чекор понатаму и ги фрлила сите “крпчиња“ од себе.
Убавата Мила уште еднаш покажа дека во 30-тите изгледа подобро отсекогаш, но и дека бременоста воопшто не наштетила на нејзината линија.
Потполно гола позирала на својот поранешен љубовник, италијанскиот фотограф Марио Соренти за серија фотографии објавени во најновото издание на францускиот магазин Purple.
Глумицата неодамна се омажи по трети пат и тоа за режисерот Пол Андерсон. Се запознале за време на снимањето на филмот 'Resident Evil', а парот во 2007 ја доби ќерката Евер.