Омилената Касандра - Некогаш и денес
- Детали
- вторник, 14 октомври 2014
Кораима Торес (41) ни е позната од првата венецуелска серија „Касандра“ која се емитуваше на овие простори уште во далечната 1997 година.
Таа беше во главната улога, а после првата епизода веќе ги имаше освоено сите.
Денес живее во Богота и единствена мрежа на која што комуницира со своите обожаватели ѝ е Твитер.
Таму редовно објавува свои фотографии на кои покажува дека годините како воопшто да не оставиле некоја трага на неа. Таа сè уште е згодна, убава и многу помодерна од Ромката која ја глумеше.
Љубовната приказна на девојката која израсна во циркус и згодниот Луис Давид беше главното нешто што сите ги држеше пред малите екрани.
По неа, следуваа и многу други серии, но ниедна глумица не успеа да се стекне со толкава популарност како Касандра.
Поради големиот успех кој го постигна серијата и многуте обожаватели, Кораима успеа и да ја посети Македонија.
Денес таа живее со својот сопруг Николас Монтера и синот Мануел Николас, добива улоги и во други серии и изгледа подобро од кога било.
На следната страница погледнете како изгледа денес...