Ѕвезди кои имаат 3 и повеќе бракови зад себе

За некои бракот е нешто свето и многу внимаваат со кого ќе се венчаат. Славните пак, тоа најчесто го прават поради внимание, популарност и насловни страници. Но, веројатно некои знаат да претераат па често зад себе имаат 3 и повеќе бракови.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-01

Листата е малку подолга:

1. Кејт Вислент

Во период од 15 години, Кејт успеа да се омажи 3 пати и да роди 3 деца. Најпрво од 1998 до 2001 била омажена со асистент на режија Џим Тераплетон со кого ја има ќерката Миа.

Во периодот од 2003 до 2010 била омажена со режисерот Сем Мендес со кого го има синот Џои.

Но, во 2012 година сепак се омажи по третпат со Нед Рокенрол и во декември 2013 го роди синот Беар.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-1.jpg


2. Том Круз

Познатиот актер првпат се оженил во 1987 година со актерката Мими Роџерс, но бракот им траел до 1990 година.

Во истата година на разводот се оженил со Никол Кидман откако се запознале на сетот за филмот „Days of Thunder“. Ги посвоија синот Конор и ќерката Изабела, но се разведоа  11 години подоцна, во 2001 година.

Се ожени со Кејти Холмс во 2006 година и со неа ја има ќерката Сури, но повторно се разведе во 2012 година.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-2.jpg


3. Дру Баримор

Актерката која израсна пред малите екрани зад себе има 3 брака кои претежно ѝ траат по 1 година.

Најпрво беше мажена со Џереми Томас во периодот 1994-1995 година, потоа со комедијантот Том Грин во периодот 2001-2002 година и моментално е сè уште во третиот брак од 2012 година со Вил Копелман со кој ги има ќерките Оливе и Френки.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-3.jpg


4. Ким Кардашијан

Старлетата за чија венчавка годинава се крена голема фама, претходно има два други брака. Во периодот 2001 – 2004 со Дејмон Томас, а во 2011 година го имаше и најкраткиот брак од 72 дена со играчот на НБА, Крис Хамфрајс.

Во мај 2014 година се омажи со раперот Канје Вест , со кого ја има ќерката Норт.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-4.jpg


5. Џенифер Лопез

Латино  девојката со најпознатиот задник, позната е и по многуте љубовни врски и бракови.

Најпрво во периодот 1997-1998 година беше мажена со актерот и продуцент Оџани Ноа, потоа со нејзиниот танчар Крис Џад во период од 2001-2003 година. По прекинувањето на веридбата со Бен Афлек во јануари 2004 година, Џеј Ло се омажи со бившото момче Марк Ентони и ги роди близнаците Ема и Макс во 2008 година, но се разведоа во 2011.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-5.jpg


6. Деми Мур

Првиот брак на актерката ѝ е уште од периодот 1980-1985 година со Фреди Мур, потоа со Брус Вилис во периодот 1987-2000 година. Со него ги има ќерките Румер, Талуа и синот Скот. Третиот брак го склучи во 2005 година со младиот актер Ештон Качер, од кого се разведе во 2012 година.

slavni-zvezdi-koi-imaat-3-i-poveke-brakovi-zad-sebe-6.jpg

Уште 7 на следната страна..



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg