Елена Ристеска посекси и од Северина (фото + видео)
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2014
Македонската претставничка во телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска, се претстави на најдобар можен начин.
Неа ѝ припадна улогата на Северина со песната „Uno momento“, но не само што ја имитираше одлично, туку беше речиси и посекси од неа.
Облечена во кожен корсет и мрежести хулахопки со провокативна кореографија во која заедно играат и се допираат со уште една девојка, буквално ја разгоре атмосферата и сите ги остави со подотворени очи и усти.
Од жирито добиваше прилично високи оценки, но сепак не успеа да ја победи 64-годишната Неда Украден која за своите години, одлично се покажа во улога на Бијонсе.
Следната недела Елена Ристеска ќе ја видиме во имитација на Бритни Спирс.
Погледнете како изгледаше нејзиниот настап:
А ова е оригиналниот спот на Северина:
Која според вас е посекси?