Еве зошто никој не носи бикини подобро од неа
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2014
Кејт Аптон на само 22 годишна возраст преку ноќ го освои светот со своите облини. Факт е дека не се плаши да ги покаже своите атрибути, но што ја издвојува токму неа од сите останати згодни модели?
Едноставно, таа не е совршена и во тоа е тајната на нејзиниот успех.
Кејт спаѓа помеѓу „плус сајз“ моделите, а фактот дека има бујно деколте и малку поширок струк од просечниот, ја прави многу попривлечна и поприродна од изгладнетите манекенки кои се појавуваат на модните недели.
Нејзините адути и несовршености најдобро доаѓаат до израз во бикините, кои никој не ги носи подобро од неа.
Всушност, Кејт се прослави како модел за костими за капење, а вистинската слава дојде кога позираше за магазинот Sports Illustrated во минијатурни триаголници.
Оваа млада убавица со задоволство шета и на модните писти во провокативни костими за капење, а покрај раскошното деколте, позитивниот став и широката насмевка се нејзини задолжителни аксесоари.