Најголемите Фотошоп катастрофи на славните (фото)
- Детали
- петок, 03 октомври 2014
Дел од славните лесно подлегнуваат под притисокот да ги исфотошопираат своите фотографии, како би се вклопиле во светот на „идеални пропорции.“
Еве неколку примери кои докажуваат дека не е паметно да си „сам свој мајстор,“ посебно кога те следат илјадници фанови.
Во март оваа година Бритни објави фотографија во бикини од одморот на Хаваите. На прв поглед, изгледа супер и посебни пофалби заслужува нејзиниот стомак.
Меѓутоа, ако малку подобро погледнете, ќе забележите дека во долниот лев агол има „благо закривување.“
Изгледа сепак стомакот на Бритни не е обликуван во теретана, туку во Фотошоп.
Музичката дива која тврди дека е горда на своите раскошни облини, направи иста грешка како Бритни, со таа разлика што Бијонсе се обиде да ги стесни колковите и бутовите.
Ја издаде искривената скала во позадина.
Некрунисата кралица Ким Кардашијан, која во 2013-та година ги преплави социјалните мрежи со фотографии од теретана, сепак не е задоволна од изгледот.
И покрај тоа што обожава да го истакнува задникот, плочките во позадина ја издаваат дека не е задоволна со ширината на струкот, па мора да го стесни во Фотошоп.
Една од најпознатите манекенки Миранда Кер е позната по „дотерувањето“ на сопствените фотографии, па така и овој пат ја стесни својата манекенска фигура.
Само погледнете ги шарите во позадина и сè ќе ви биде јасно.
На првата фотографија нема ништо „вишок,“ но и покрај тоа младата ријалити ѕвезда Кајли Џенер реши сама да ги стесни бутовите.
Крајниот резултат е трагичен...