Првите фотки од венчаницата на Амал Аламудин
- Детали
- вторник, 30 септември 2014
Викендот сето внимание беше насочено кон Венеција и целата гламурозна 4-дневна венчавка на холивудскиот ерген Џорџ Клуни и британската адвокатка Амал Аламудин.
Освен романтичните прошетки низ каналите на Венеција и пробната венчавка, пристигнувањето на многуте познати гости, сè останато, што се однесува на свечената церемонија, досега се држеше во тајност.
Според изјавите на Клуни, правата за првите ексклузивни фотографии ги има откупено магазинот Vogue, а средствата од нив ќе бидат хуманитарно донирани.
Сепак, првите насловни, само како најава за она што следува веќе ги имаат некои од најпознатите магазини.
Додека ги очекуваме останатите, погледнете како изгледала Амал во венченица на првите ексклузивни заеднички фотографии како г-н и г-ѓа Клуни: