Тамара Тодевска му кажа „Да“ на Мачка
- Детали
- понеделник, 29 септември 2014
Една од нашите најдобри и најпопуларни пејачки на македонската сцена со повеќе мегахитови во последниве 2 години, Тамара Тодевска, викендов кажа „Да“.
Откако пред извесно време ја призна неколкумесечната врска со поранешниот кошаркар на Работнички и еден од сопствениците на ресторанот „Атланта“, викендов во ТЦЦ Плаза тој ја побара за жена, а таа го кажа најзначајното судбоносно „Да“.
Нејзината среќа и вљубеност ја сподели и на социјалните мрежи каде постојано ѝ стигнуваат честитки.
По официјалното запросување забавата продолжи во неговиот ресторан, каде пристигнуваа сите нивни пријатели, меѓу кои и дел од познатите како: Калиопи, Зоки Бејбе, Влатко Илиевски, Катерина Ивановска и многу други.
Засега се знае дека најверојатно кум ќе биде нашиот кошаркар Перо Антиќ, кој му е најдобар пријател на Александар Димитриевски – Мачка и ко-сопственик на ресторанот „Атланта“, а старосватица ќе биде најдобрата другарка на Тамара, Александра Сандра.