Почнува свадбата на Џорџ Клуни и Амал Аламудин (фото + видео)
- Детали
- сабота, 27 септември 2014
Најславниот 53 –годишен ерген од вечерва е новиот најславен младоженец во Холивуд. Тој и неговата избраничка, британската адвокатка Амал Аламудин (36) одлучија да го кажат судбоносното „Да“ во најромантичната Венеција.
Свадбата на големо се подготвуваше минатите денови, а вчера се одржа и генерална проба за прославата на која одделно славеа со своите најблиски машки, односно женски пријатели.
Од она што се знае досега, познато е дека ќе присуствуваат 60-150 гости, меѓу кои и некои од нивните славни пријатели како Мет Дејмон, Боно Вокс, Ана Винтур, Синди Крафорд, Сандра Булок и многу други.
Венчавката ќе трае до понеделник, кога и официјално ќе го склучат бракот во Лондон.
Прославата за пријателите ќе се одржува во Венеција во палатата Пападополи, кај Големиот Канал.
Невестата носи венчаница од модната куќа на Александар МекКвин, а младоженецот е во одело на Армани.
Во текот на денешниот ден имаа и романтична прошетка со такси чамци низ каналите на Венеција.
Погледнете ги прекрасните фотографии на Џорџ и Амал низ Венеција:
Фотографии од славните гости на следната страница...