Украинец физички ја нападна Ким Кардашијан на модната недела во Париз (видео)
- Детали
- петок, 26 септември 2014
Кога си познат до нивото на Ким Кардашијан, имаш тон пари и обожаватели, но и милион луѓе со луди идеи во главите. Украинскиот пранкер Виталиј е еден од нив.
На модната недела во Париз, на ревијата на Balmain која се одржа синоќа, додека Ким излегуваше од автомобилот за да влезе на самиот настан, се случи незгода во која речиси падна на земја.
33-годишната старлета, која излегуваше од автомобилот со својот сопруг Канје и нејзината мајка Крис, неочекувано се најде во центарот на физички напад.
Напаѓачот беше украинскиот пранкер Виталиј, кој стоеше во првиот ред, веднаш до вратата од автомобилот, па планираниот напад помина повеќе од успешно.
Погледнете го видеото:
Се претпоставува дека Виталиј е истиот напаѓач кој му приреди ваков инцидент и на Бред Пит пред неколку месеци.