Сите лица на Моника Белучи: Заводливост која никој не успеал да ја надмине (фото)
- Детали
- вторник, 23 септември 2014
На 30. септември веќе ќе наполни 50 години, а она што сè уште е нејзин заштитен знак е неверојатната убавина. Италијанската глумица за 24 години од филмската кариера оствари голем број на филмови, а успеала со својата убавина и сексапил да се издвои од останатите.
Низ фотографиите може да се запознаете со посебната убавина на Моника Белучи или да споделите ваша омилена фотографија од неа.
Сè почна во 1990 година со филмот „Живот со синовите“ и улогата на Елда. Според мислењето на многумина, со совршеното лице и неодоливото женско тело не можеше да ја избегне титулата на секс симбол, но за разлика од многу други со тој епитет, никогаш не делувала наметливо.
Од филмовите „Оние кои сакаат“, „Малена“, „Матрикс 3“ во 2005 година дојде до филмот „Колку ме сакаш“. Во улогата на Даниела заведе многумина, лесно и на свој начин.
Кога ѝ е доделена улогата на Клеопатра во 2002 година во филмот „Астерикс и Обеликс“ за многумина тоа беше најлогичната и најсоодветна улога за неа. Кралицата на сексапилот стана кралица на филмското платно.
И додека многумина фантазираа за убавата Моника, нејзиниот колега Венсан Каселу во 1999 година се реши да се ја побара за жена.
Парот кој многумина во Холивуд го гледаа како парот на убавицата и ѕверот, добија и две ќерки Дева и Леона.
Најубавата насловна страница на Моника Белучи беше онаа на која позира со ќерката.
Минатата година Моника се разведе од Венсан, а некои медиуми како причина ја наведуваа нејзината врска со азербејџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов.
Една од најубавите жени во светот веќе неколку месеци во Србија го снима новото остварување на Емир Костурица, филмот „На млечен пат“.
Веќе ја започнува и шестата деценија од својот живот, а изгледа прекрасно, заводливо и сексапилно како на почетокот на кариерата.