Љубовното писмо кое го разнежни светот

За време на модната недела во Милано, каде нивниот бренд е секогаш во центарот на вниманието, Стефано Габана го објави љубовното писмо испратено до неговиот долгогодишен соработник, и до пред извесно време, љубовен партнер.

stefano-gabana-objavi-emotivno-ljubovno-pismo-posveteno-na-domeniko-dolce-01.jpeg

Креаторот Стефано Габана ова писмо го објави во италијанскиот дневен весник Corriere della Sera, по цели 29 години поминати со Доменико на љубовно и работно поле.

Еве што пишуваше во него...

„Драг Доменико,

Никогаш до сега не сум ти напишал писмо. Мислам дека тоа беше непотребно, затоа што никогаш не ми беа потребни зборови за да го опишам она што го чувствував кон тебе. Ти и јас бевме едно. Ние дишевме како едно. Доволен беше еден поглед, за да знаеме што мисли другиот. Да, ова е прв пат да ти пишувам, и морам да ти признаам, се чувствувам малку чудно.

Нашите разговори беа како пинг-понг игра - јас започнувам мисла, ти ја завршуваш, ти сакаш да споделиш некој впечаток, јас те прекинувам, односно го кажувам токму тоа што ти сакаше да го кажеш. Сега кога пишувам, се ми се чини чудно и поинаку, затоа што во раката имам молив и лист хартија. Зборовите ми изгледаат некако тешки, а ние сме многу повеќе од зборови и засекогаш ќе бидеме.

Брендот го започнавме буквално од нула, но го изградивме со љубов и неверојатна страст која ја обликуваше и хранеше нашата љубов. Се потпиравме еден на друг, меѓусебно се поддржувавме, успевајќи да ги надминеме сите препреки и предрасуди. Дури и денес, кога веќе не сме заедно, благодарение на тоа чувство, на таа нераскинлива врска, ние продолжуваме да работиме заедно и заедно да се соочуваме со среќни и тажни моменти кои животот ни ги режира. Ти си моето семејство и секогаш ќе бидеш.

Поминаа многу години откако те запознав и сè се промени, а истовремено и сè остана исто. Емоциите кои тогаш ги чувствував, само се трансформираа во друг облик, носејќи ми спектар на прекрасни чувства. Ти и јас секогаш ќе бидеме нешто единствено во мојот живот, како и писмово кое ти го пишувам.

Те сакам,

Стефано.“

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg