Најбогатите ергени: Кои се најзгодните наследници на милиони?
- Детали
- вторник, 16 септември 2014
Се вели дека некои биле „родени со златна лажичка во устата“. Богати уште од самото раѓање, наследници на милиони и познати во светот, сето тоа првенствено како заслуга на нивните родители.
Но, дури и толку богати, а некои од нив и навистина згодни и убави, кои не само што наследуваат богатство туку и го продолжуваат бизнисот, сепак сè уште не можат да ја најдат својата избраничка со кој би се ожениле.
Ова се најбогатите ергени кои наследиле милиони:
Принцот Хари
Има 30 години и наследство од 12 милиони евра од неговата мајка. Покрај тоа, тој е капетан во британската војска и годишно заработува 40.000 фунти.
Ставрос Ниархос III
Внук на познатиот грчки сопственик на бродови, чие име го носи. Живее на Беверли Хилс, во врска е со манекенката Џесика Харт, но сè уште неженет. Заедно со своите браќа и сестри треба да го наследи семејното богатство кое се проценува на 4 милијарди долари.
Ендру Лорен
Ендру е најстариот син на модниот дизајнер Ралф Лорен кој е неодлучен во однос на професијата. Прво беше глумец, сега е продуцент, а можеби ќе биде и режисер. Има голема корист и среќа што со сестра му ќе наследат 5.8 милиони долари од семејното богатството.
Сем Бренсон
Сем е син на тајкунот Ричард Бренсон. Сопственик на компанијата „Virgin“. Некогаш бил модел, а денес прави документарец. Сем и неговата сестра ќе наследат 4,2 милијарди долари.
Парис Латсис
Внук на Џенис Латсис, познат грчки сопственик на бродови и познат тајкун. Познат е по тоа што е недостижен. Постојано живее на релација Атина – Лос Анџелес и иако има 31 година, сè уште нема намера да се жени. Богатото наследство му се проценува на над 5,4 милијарди долари.