Кендал Џенер е новиот ангел на Викторијас Сикрет?
- Детали
- вторник, 16 септември 2014
Расел Џејмс е фотографот пред кој позираат моделите на Викторијас Сикрет уште од 1977 година, а пред само неколку недели сите ангели се соблекоа за најновата фото-книга „Angels“.
Помеѓу нив се најдоа Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванапул, Бехати Принслоу и Кендал Џенер, полусестрата на Ким, Клое и Кортни Кардашијан.
Нејзината соработка со Расел ги поттикна гласините дека токму Кендал е новиот ангел во Викторијас Сикрет.
Според првичните информации, Кендал ќе потпише договор со оваа модна куќа на 2-ри декември и ќе учествува на традиционалната ревија.
Во фото-книгата не се најде ангелот Линдси Елингсон, па се погодува дека Кендал е нејзината замена.
Погледнете дел од сензуалните фотографии од книгата на Расел, „Angels“: