7 работи кои не ги знаевте за венчавката на Бред и Анџелина

Тортата која се служела, фустанот кој го носела, како и храната по церемонијата, музиката... тоа се интимни детали кои до сега не ги знаевте за холивудската венчавка на годината.

7-raboti-koi-ne-gi-znaevte-za-vencavkata-na-bred-i-angelina-01.jpg

Благодарение на неколку извори, ова се најновите информации за тајната венчавка во Франција.

Се служела домашна торта

Парот навистина се погрижил за „заштеди,“ наместо да нарачува раскошна торта. Магијата на слаткото задоволство Бред и Анџелина ја препуштиле во рацете на своите деца. Така, нивниот син Пакс и неговите пријатели имале шанса да уживаат во нередот додека ја подготвувале тортата за големиот ден.

Гостите јаделе домашно подготвени ордевери

Не само што тортата била домашна, туку гостите можеле да уживаат и во домашната храна по церемонијата. Тогаш биле послужени домашни ордевери од шунка, сирење и свежо уловен бранцин. Освен тоа, уживале во црвеното вино и босанската вода од рози.

Цртежи на венчаницата

На фустанот Анџелина имала мечиња, цвеќе, зебри, зајчиња, Ајфелова кула, авиони и по некој безобразен збор. Честа за декорација на венчаницата исто така ја имале дечињата.

Децата ги организирале своите улоги

Децата не биле во хаос кога дошла на ред организацијата. Бред и Анџелина велат дека децата сами си ја одбрале гардеробата и ги организирале сите улоги.

Чуден меден месец

Анџелина и Бред моментално се на Малта, каде го снимаат својот заеднички филм по 10 години. Но, тоа не е романтично колку што мислите. Парот во филмот е несреќно венчан.

Музика на венчавката

Бред тивко ја потпевнувал „Here comes the bride“ заедно со децата и гостите, кога Анџелина се упатила кон олтарот. Исто така, ја прател традиционалниот венчален марш.

Спомени од мајката на Анџелина

Бред уште пред венчавката подготвил изгравиран камен кој постојано стоел во капелата додека траела церемонијата. Каменот е во чест на мајката на Анџелина, која почина во 2007 година од рак на јајниците.

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Бред Пит и новата девојка блескаат како излезени од модна писта, a Џоли е убавица во црно на настан ... Бред Пит и на 60 години е како излезен од модна писта во целосно жолт аутфит, по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg