Објавени првите фотографии од венчалниот фустан на Анџелина Џоли
- Детали
- вторник, 02 септември 2014
По бескрајните шпекулации за тоа каде и кога е одржана венчавката на Анџелина и Бред, овој моќен актерски пар се појави на насловните страни на магазините People и Hello.
Откриено е дека венчавката била одржана на 23 август, во францускиот Château Mirava, а иако се погодуваше дека Анџелина можно е да облече Ralph & Russo венчаница, таа одбрала Versace.
Симпатични се цртежите од нејзините дечиња кои се најдоа на беспрекорно белиот вел.
Венчавката била интимна, со речиси 20 гости, а колку атмосферата била опуштена зборува фактот што Бред носел старо одело со лептир машна позајмена од еден од синовите.
Ова се првите фотографии од тајната венчавка: