Уште два месеци до породувањето на Јелена Ѓоковиќ: Името веќе е одбрано
- Детали
- понеделник, 25 август 2014
Сопругата на најдобриот српски тенисер има уште 2 месеци додека се породи во Монте Карло. Наскоро Новак и Јелена ќе станат родители на бебето кое треба да дојде на свет.
Јелена во Монако ја одржува бременоста, надгледувана е од посебни доктори, а во последно време не се забележува да излегува често од станот каде живеат веќе неколку години. Повремено ја посетуваат пријателките и нејзината сестра Марија.
Новак најверојатно нема да присуствува на породувањето, бидејќи баш тие денови ќе биде на серија турнири низ Азија, но веројатно е дека кога синот ќе дојде на свет ќе пропушти неколку турнири за да биде заедно со семејството.
Новак и Јелена веќе имаат неколку фаворити за името. Најверојатно е дека наследникот на Ѓоковиќ ќе се вика Марко, по братот на Ноле, но и по кумот Марко.
Парот сака нивното дете да има општо интернационално име, па затоа е речиси сигурно дека токму Марко е вистинското избрано име.