Никол Кидман каква што не сте ја виделе досега
- Детали
- понеделник, 25 август 2014
Вообичаено сме навикнати да ја гледаме во гламурозни изданија на црвениот тепих, но сега се одлучила да се појави на улиците на Њујорк во кратки шорцеви, обична маичка и дуксер, без шминка и фризура.
Никол Кидман (47) добро се испотила додека џогирала со својот колега Џејсон Бејтман (45).
Не само што џогирала, туку направила и неколку склекови на сред улица, а се гледа и дека е прилично расположена.
Џејсон кој џогира заедно со неа исто така добро се забавува во нејзино друштво, според насмевката на неговото лице.
Всушност, тие двајца биле на сетот од снимањето на филмот „Тhe Family Fang“ според романот на Кевин Вилсон.
Во овој филм Никол и Џејсон играат брат и сестра кои се враќаат во семејниот дом да ги најдат своите изгубени родители.
Погледенте ја Никол Кидман во едно поинакво издание: