Маица со расплакана Ким Кардашијан стана вистински хит!
- Детали
- среда, 20 август 2014
Ким и нејзините фанови знаат да направат сензација од сè. Откако насекаде се проширија видеа и фотографии од неа како плаче за дијамантски обетки или затоа што некој ѝ рекол нешто или за уште милион други ситници, некој се сетил и тоа да го искористи.
Сега, нејзините фанови може да плачат заедно со неа во новата маица со нејзиниот расплакан лик. Креатор на оваа маица е младиот дизајнер Роберт Борис. Маицата е во црно-бела варијанта со расплаканата Ким во разни ситуации.
Се чини дека оваа идеја настанала од обична забава, но откако нејзиниот полубрат Барт Џенер ја објавил на својот Инстаграм профил со наслов: „Мојата нова омилена маица“, станала вистински хит меѓу нејзините обожаватели.