Три генерации егзотични убавици: Ријана, Наоми Кемпбел и Иман за W Magazine
- Детали
- среда, 13 август 2014
За прв пат, три генерациски различни темнокожи убавици позираа за магазинот W, што резултираше со прекрасни фотографии во новиот, септемвриски број.
Фотографиите на 26-годишната Ријана, 44-годишната Наоми и 59-годишната Иман се стилски осмислени од талентираниот директор на брендот Balmain, 28-годишниот Olivier Rousteing.
Тој изјавил дека токму овие 3 жени се негови музи, негова вечна инспирација според која го формирал личниот стил.
„Овие жени се инспирација за голем број различни луѓе. Да ги имаш сите 3 на едно место е концепт по кој долго време копнеев,“ вели Оlivier.
Покрај заедничката фотосесија, Ријана го оживеа афричкиот дух на насловната страна за истиот магазин.
Ова се првите фотографии: