Секси и по 40-та: Tиe ги надминуваат и помладите колеги
- Детали
- петок, 08 август 2014
Овие глумци не дозволуваат да ги победи времето, нив не им се доволни само добро одиграни улоги, туку сакаат да добијат одлични оценки и за физичкиот изглед.
Очигледно е дека успеале во тоа, па дури и после 40-тата година изгледаат подобро и од многу помлади колеги.
Еден од најпривлечните, кој ги има најдобрите мускули во Холивуд е Хју Џекмен (46)
Даниел Крег оваа година наполни 46 години, најзабележан е по неговата улога во серијалот за Џејмс Бонд, за која сè уште е главен фаворит.
Мет Дејмон е еден од младоликите актери, кому сигурно не би му дале повеќе од 35 години, а тој има дури и 44.
Марк Волберг (43) откако ги реши проблемите со вишокот килограми и со многу вежбање, доби тело кое секој би го посакал.
Кога ќе го видите Џејми Фокс сигурно не може да се начудите дека овој глумец има 46 години.
Двејн Џонсон (42) секој слободен момент го користи за тренинг, а резултатите се видливи и неодминливи.
Долф Лаудгрен има 57 години и згодно тело. Доволно за да добие најпозтивни комплименти.
Вин Дизел (47) денес изгледа подеднакво атрактивно како и на почетокот на неговата кариера.
Џејсон Стејтман (47) дефинитивно припаѓа во редот на најзгодните со над 40 години.
Кој ви се допаѓа најмногу?