5 славни мајки кои гордо ги доеја бебињата во јавност
- Детали
- среда, 06 август 2014
Познатите мајки се баш како и сите други, барем кога се работи за доењето. Но, само мал дел од нив сакаат да го прават тоа во јавност.
Не се сите доволно слободни за да постават фотографии на социјалните мрежи, но овие 5 славни мајки без проблем ги споделија најубавите моменти со своите бебиња:
Гвен Стефани
Фотографијата која ја објави е настаната во Швајцарија, на една локална бензинска пумпа на која правела пауза и го искористила тоа време да го нахрани својот 5 месечен син Аполо.
Наталија Водјанова
Рускиот модел познат по соработката со Келвин Клајн, пред само неколку месеци објави голи фотографии од неа и нејзиниот син Максим.
Џејми Кинг
Американската актерка и модел на својот Инстаграм профил објави фотографија на која 8 месечниот Џејмс Најт заспива со доење.
Жизел Бундшен
Жизел во 2010 година изјави дека во светот би требало да се донесе закон со кој на мајката ќе и биде задолжение да го дои свето дете, заради што се соочи со жестоки критики. Во 2013 година следеше оваа фотографија на која ја дои нејзината ќеркичка, додека група од стилисти се грижат за нејзиниот изглед.
Пинк
Во 2012 година, додека го работеше новиот албум, Пинк објави фотографија како го дои синчето. Следната година, нејзиниот сопруг Кари Харт сподели фотографија на Инстаграм на која Пинк ја доеше и нејзината ќеркичка, во ресторан во Париз.