Даниел Кајмакоски потпиша договор со регионалниот застапник на Sony Music Entertainment
- Детали
- вторник, 29 јули 2014
Првиот победник на регионалниот „Х-фактор“, Даниел Кајмакоски, конечно го потпиша својот прв официјален договор со продуцентската куќа „Менарт“ од Хрватска, која е регионален застапник на светската куќа Sony Music Entertainment.
Директорот, Бранко Комљеновиќ тврди дека Даниел ќе биде нивниот приоритет за да ја изведат неговата кариера на прав пат и истовремено да биде застапен и да се развива на целиот регион.
Сметаат дека соработуваат со фантастичен пејач, кој веќе си го проби патот до публиката, а тие се тука за да го остварат музичкиот дел од наградата за освоеното прво место.
Наскоро ќе почне снимањето на неговиот прв албум и двата спота, а со тоа и негова промоција со настапи и концерти.