Зошто постарите мажи се нивен избор? Тие се заљубени во дедовци
- Детали
- понеделник, 28 јули 2014
Ништо ново, богатите и славни мажи уживаат во друштвото на младите манекенки и убавици, па дури и кога разликата во годините е неколку децении.
Многу од девојките пак, немаат никаква препрека за да бидат со богати и моќни, но постари мажи.
Прв на листата е легендарниот Диего Марадона, кој има нова девојка. 25-годишната студентка по новинарство моментално ужива во друштво на фудбалската легенда која е во шестата деценија од животот.
Роберто Кавали е можеби најозборуваниот маж токму заради неговата врска со 50 години помладата Лина Нилсон. Нејзините години сè уште не се познати, но сите медиуми тврдат дека е во доцните 20-ти. Тоа не ги спречува да разменуваат нежности и интимни моменти во јавноста.
Уште еден ваков случај е Кристал Харис, сегашната сопруга на Хју Хефнер. Таа е долгогодишна девојка на сопственикот на Плејбој и е помлада цели 60 години! Покрај разликата во годините, тие неколку пати изјавија дека уживаат во заедничкиот живот.
Иако има 34 години, а тој 64, прекрасната Елизабета Грегорачи е во брак со бизнисменот Флавио Бриаторе веќе 6 години. Овој необичен пар има и син Фалк, а Елизабета е често пати на мета на медиумите заради обвиненијата дека е во брак само заради богатство.