Никој не е посекси од Ирина Шајк (фото)
- Детали
- петок, 25 јули 2014
Каде и да се појави, Ирина Шајк не поминува незабележано. Така беше и на снимањето на емисијата „Extra“ во Лос Анџелес, кога Ирина се појави во кратко, бело фустанче.
Прекрасната Ирина изгледа е свесна за совршеноста на нејзините нозе, па и овој пат тие беа во преден план.
Белиот фустан со дебел колан и секси црни високи потпетици беше најновиот изглед кој го привлече светското внимание.
Помеѓу другото, во ова интервју Ирина зборуваше за првото актерско искуство:
„Ова беше одлично искуство затоа што во животот не сум била на еден час за глума, а работев со сите тие неверојатни имиња. Меѓутоа, на сетот бев или мртва или гола. Зборувам пола руски, пола англиски, така што не ми беше воопшто тешко да го запаметам текстот. Дали планирам повторно да глумам? Да! Беше забавно да глумам гола.“