Среќен прв роденден: Како растеше малиот принц Џорџ? (фото)
- Детали
- вторник, 22 јули 2014
Едно од најпопуларните деца во светот е малиот принц Џорџ кој денес полни 1 година. Само неколку дена пред роденденот тој ги направи и првите чекори, па очигледно е дека тој е центарот на вниманието во Кралството.
Уште од денот на раѓањето Џорџ го привлекува вниманието и на јавноста каде и да се појави со неговите родители. Како едно од најзабележителните е патувањето во Нов Зеланд и Австралија. Таму успеа да се запознае и со многу други деца.
Со оглед на тоа што често се забележуваат фотографии на кои Џорџ е покрај некое животно или интересот што го покажува кога ги гледа, покажува дека е голем љубител, но и дека не се плаши.
Секогаш дотеран соодветно, најсигурно се чувствува во прегратки на неговата мајка Кејт Миделтон и покрај татко му, принцот Вилијам.
Погледнете како растеше малиот принц Џорџ во првата година: