Провокативно: Ново реално шоу во кое учесниците се целосно голи (видео +18)
- Детали
- понеделник, 21 јули 2014
Телевизискиот канал „VH1“ направил ново и тотално контроверзно реално шоу „Dating naked“.
Во ова шоу, во секоја епизода учествуваат по тројца момци и три девојки кои мора да одат на состанок едни со други и да поминат време заедно, целосно голи.
Први кои се појавуваат се Џои (24) и Виви (36). Џои како проблем го поставил тоа што би му било непријатно доколку се возбуди и тоа се забележи, а Виви признала дека немала секс повеќе од една година. Но, на Џои повеќе му се допаднала 20-годишната израелка Џесмин што може да се види и по нивниот спонтан бакнеж.
Покрај нив, во оваа епизода се појавуваат и згодниот Џастис и виолинистката Криси. Сите учесници имаат однапред смислени интересни состаноци и заеднички активности.
Продуцентите на ова реално шоу сакале да истражат дали луѓето си се привлечни едни на други кога се целосно голи и дали тоа влијае на поголемиот сексуален нагон.
Првата епизода може да ја погледнете на каналот на VH1 на YouTube.