Преубава манекенка заради женствените облини нема работа
- Детали
- понеделник, 21 јули 2014
Хејли Клосон (19) манекенка која започнала да се занимава со мода уште на 15 години признава дека нема работа откако нејзиното тело минало низ пубертет.
Иако пред 4 години шетала на пистите за „Dior“ и „Calvin Klein“, откако добила женски облини веќе не е добредојдена на модните ревии.
-За ревиите мора да бидете ситни, затоа тие ревии ги работев на 16 години. Беше тешко бидејќи бев многу млада и постојано се обидував да го постигнам она што се очекуваше од мене, давав сè од себе за на секој кастинг или снимање да се појавам со полна самодоверба.
Кога наполнила 17 години решила да направи мала пауза и да оди во родната Калифорнија за да одлучи што сака понатаму да прави.
Сфатила дека веќе не може да изгледа како на 15 години, но се убедила да верува во себе. Сметала дека многу девојки имаат облини и изгледаат секси.
Сепак, тоа не го мислеле дизајнерите за неа. Иако се прифатила себе, таа повеќе од две години немала ниедна ревија.
Дури неодамна се појавила на пистата каде била облечена во модели на дизајнерот Џереми Скот.
Но, тоа не значи дека не може да биде на насловните страници и една од омилените манекенки на момците.