Жените на тенисерите: Убавици кои блеснаа на свадбата на Новак и Јелена
- Детали
- среда, 16 јули 2014
Сите гости ја испочитуваа желбата на Новак и Јелена Ѓоквиќ, па фотографиите од венчавката не се објавија пред понеделникот. Но, понеделникот помина и сега социјалните мрежи се преполни со свадбени фотографии.
Билјана Типсаревиќ беше првата дама која го проби мразот и објави фотографии заедно со девојките на Виктор Троицки и Милан Табашевиќ.
За ова гламурозно појавување Билјана одбра црн фустан со стегнат корсет во кој докажа дека телото не и претрпело големи промени дури и по бременоста, а неретко се слушаа и коментари дека ги засенила сите присутни на овој настан.
Уште неколку познати српски манекенки и пејачки споделија фотографии од атмосферата, но сепак жените на тенисерите останаа во фокусот на вниманието.