Свадбените фотографии на Новак и Јелена за магазинот Hello
- Детали
- понеделник, 14 јули 2014
Новак Ѓоковиќ и неговата избраничка Јелена ја официјализираа својата љубов пред само 4 дена, а веќе денес првите свадбени фотографии се објавени во магазинот Hello.
На насловната страница Новак ја прегрнува Јелена, а со прстите има обликувано форма на срце на нејзиното трудничко стомаче.
Првото интервју заедно со фото-едиторијалот го дадоа токму за магазинот Hello кој направи прекрасна, бајковита целина на венчавката за која зборуваше целиот свет .
- Венчавката беше она што се надевав дека ќе биде. Нашето семејство и нашите најблиски пријатели се соединија во прекрасен простор и ја славеа нашата љубов. Навистина беше емотивно и незаборавно за нас, изјавила Јелена.
- Се оженив со жената која ја сакам и нема подобро чувство од тоа, додал Новак.
Погледнете ги официјалните фотографии од подготовките и свадбената церемонија: