Бреговиќ фатен со љубовница
- Детали
- вторник, 18 август 2009
Горан Бреговиќ (59) е во тајна врска со српската манекенка Констанца Голубовиќ од април оваа година. Констанца е позната на јавност од нејзината...
...врска со поп пејачот Бојан Маровиќ.
Брега и 37 години помладата манекенка ги начекале папараците на парискиот аеродром. Музичарот и манекенката лежерно чекале на шалтерот. Се смешкале, заљубено се гушкале и бакнувале. Како што наведуваат медиумите тие заминале на Азурната обала.
Бреговиќ до сега е поврзуван со многу жени иако е во брак веќе 16 години со Џенана Суџук. Последниве години тие живеат во Париз.
Кога сопругата со трите ќерки заминала на годишен одмор, Брега во француската метропола ја довел својата љубовница.
“Не верувам дека Констанца е со Брега. Таа е за мене најпрекрасното суштество, но треба да се засрами ако е навистина со оженет маж кој има и 3 деца“ - вели Бојан Маровиќ.
Неколку дена пред да бидат видени на аеродромот тие се фотографирани и пред зградта каде живее Бреговиќ во Париз.
Парот наводно се состанува тајно по многу европски градови. Констанца рекла дека е на одмор во Сен Тропе со другарка, а за дружбата со Брега не кажала никому.