Објавена видео снимка на која Анџелина Џоли е под дејство на дрога
- Детали
- среда, 09 јули 2014
Веќе со години наназад се зборува за бурното минато на Анџелина Џоли и нејзиното експериментирање со различни опојни средства. Сега, за тоа постои и доказ.
Американскиот таблоид National Enquire ја објави снимката на Френклин Мејер, кој тврди дека некогаш бил личен дилер на актерката и ги набавувал сите супстанци кои му ги барала.
Во една прилика, во 1998 година, кога и ја однел дрогата во нејзиниот стан прашал дали може да снима, па со нејзино одобрување настанала оваа видено снимка.
Според зборовите на Мејер, Анџелина на видеото е под дејство на хероин и кокаин.
Интересно е што актерката никогаш не го сокривала пеколот низ кој помина консумирајќи различни дроги, но ова е прв пат во јавноста да се појави во таква состојба.
Нервозна, изморена и неверојатно слаба, погледнете ја Анџелина Џоли во едно поинакво светло: