Најпосакуваниот ерген Џо Манганиело е во љубовна врска со Софија Вергара
- Детали
- вторник, 08 јули 2014
Само неколку дена откако беше прогласен за најпосакуваниот ерген во светот, Џо Манганиело сега е поврзуван со најжешката колумбиска ѕвезда - Софија Вергара.
„Само што започнаа да се дружат. Се забавуваат и моментално се во фазата на запознавање,“ изјавиле нивни блиски пријатели.
Новостите се проширија откако 37-годишниот Џо зборуваше за колумбиската секс бомба во интервјуто за магазинот People:
„Ќе ми направите проблеми. Не сакам да бидам таму каде што не ми е место. Оваа жена е верена,“ изјавил, а потоа продолжил детално да ја опишува.
„Таа има облини, има прекрасно лице, коса, едноставно е неверојатна. Природна убавица. Фантазија!“
Џо, 37 и Софија, 41 се запознале уште во мај, а нивната љубовна врска започнала само неколку дена подоцна.